Натпреварот беше отворен уште во шестата минута кога Рашфорд постигна прекрасен погодок. Ја зема топката од својата половина, ги помина дефанзивците кои му застанаа на патот и реализираше за водство од 1-0.
Пред крајот на првото полувреме гол даде Вут Вегхорст за водство од 2-0. Ова беше негов деби гол за Манчестер јунајтед.
Пред самиот крај, во 89. минута Бруно Фернандеш ги постави конечните 3-0.
Оваа пресметка ќе има и реванш на Олд Трафорд, но со оглед на резултатот се чини дека тоа ќе биде само формалност. Манчестер јунајтед вечерва направи крупен чекор до финалето.