Серија А

Деби гол на Елмас во Серија А, Наполи во финишот ја победи Сампдорија (ВИДЕО)

Наполи со гол во финишот од мечот ја победи Сампдорија на нејзин терен со 4-2, Елиф Елмас го постигна својот деби погодок во Серија А. 

Елмас за прв пат беше стартер во Серија А откако Гатузо стана тренер на Наполитанците. Нашиот фудбалер веднаш возврати со погодок.
 
Резултатот го отвори Милик уште во третата минута, а Елмас во 16. минута се најде на вистинското место и погоди за 2-0. Ова беше неговиот прв гол во Серија А.
 
Десет минути подоцна Кваљарела го намали водството на Наполи и ја врати Сампдорија во игра.
 
По консултација со ВАР, во 73. минута беше досуден пенал за Сампдорија кој прецизно го изведе Габиадини и изедначи на 2-2.
 
Во 79. минута Елмас беше изваден од игра, нашиот репрезентативец одигра добар меч и постигна гол кој ќе влијае на неговата самодоверба во следните натпревари.
 
Новото засилување Деме во 83. минута носи ново водство на Наполи, овој пат од 3-2, а во 98. минута по една грешка на домашниот голман Мертенс од огромна далечина реализираше за конечни 4-2.
 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе