Серија А

Деби гол на Балотели, Елмас доби 20 минути, Наполи ја победи Бреша (ВИДЕО)

Наполи со 2-1 ја победи Бреша, ги освои трите бода но стравуваше во финишот да не направи уште еден кикс, Елиф Елмас ги одигра последните дваесетина минути од мечот.

Наполи дојде до планираните три бода против Бреша, Балотели го постигна својот деби гол за гостите.
 
Тимот на Анчелоти влезе како голем фаворит во мечот, така и почна, поведе со гол на Мертенс уште во 13. минута од натпреварот.
 
Шест минути подоцна Манолас постигна гол кој му беше поништен поради игра со рака откако беше консултиран ВАР.
 
Но грчкиот дефанзивец не се откажа од намерата да постигне гол, тоа се случи пред крајот на првото полувреме кога погоди со глава за водство од 2-0.
 
По пет минути игра во второто полувреме ВАР поништи гол и на Бреша.
 
Во 67. минута Балотели постигна гол со глава за намалување на резултатот на 2-1 и неизвесен финиш на натпреварот.
 
Неколку минути подоцна во игра влезе Елиф Елмас. Пред самиот крај македонскиот фудбалер имаше одлична шанса да стави печат на победата, направи вистински слалом по левата страна, влезе во шеснаесетникот, но шутираше крај голот.
 

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе