Легендата заминува

Де Роси по 18 години ја напушта Рома

Даниеле де Роси по 18 години ќе го напушти италијанскиот клуб Рома, во кој ја помина целата своја фудбалска кариера.

Веста е потврдена и на официјалната страница на Рома, каде се вели дека договорот на Де Роси со „волчицата" истекува на крајот на оваа сезона,  и дека истиот нема да биде продолжен.

Триесет и пет годишниот фудбалер е „дете" на Рома, кој во „Олимпико" дебитирал уште како тинејџер и од тогаш целата својата кариера ја поминал кај „волчицата", иако во текот на неговата кариера имал многу понуди од големите европски клубови.

Во 18-те сезони поминати во Рома, Де Роси одигра 615 натпревари, постигна 63 голови и 54 асистенции. Има освоено два купа на Италија и еден трофеј во италијанскиот Супер куп.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе