Италијанецот доби овации од „Ла Бомбонера“

Де Роси дебитираше за Бока со гол, мечот сепак се покажа како кошмарен, гигантот елиминиран од Купот (ВИДЕО)

Даниеле Де Роси утрово дебитраше за Бока Јуниорс и веднаш постигна гол, сепак мечот се покажа како кошмарен откако гигантот беше елиминиран на пенал во Купот на Аргентина од второлигашот Алмагро.

Иконата на Рома реши кариерата да ја продолжи во Аргентина откако не доби нов договор од „волчицата“ и потпиша за Бока Јуниорс.

Утрово тој го имаше своето деби, и успеа да се запише во листата на стрелци во првото појавување во „сино-златниот“ дрес. По еден корнер на средината од првиот дел, Даниеле Де Роси најдобро се снајде и погоди со глава. Италијанецот веднаш доби овации од „Ла Бомбонера“.

Сепак, натпреварот не заврши добро за гигантот. Алмагро во финишот од мечот стигна до изедначување, а потоа на пенали ја елиминираше Бока од Купот на Аргентина.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе