Јувентус

Де Лихт: Убави беа зборовите на Роналдо, но немаа влијание на мојата одлука

Матијс Де Лихт вели дека тој решил да оди во Јувентус пред да зборува со Роналдо, голема улога одиграл и разговорот со Маурицио Сари.

Де Лихт го комплетираше трансферот од Ајакс во Јувентус вреден 85 милиони евра, утринава тој беше презентиран и пред медиумите со кои имаше разговор.
 
„Играв три години за Ајакс и особено минатата година имав голема минутажа, мислам дека имам големо искуство за 19 годишен фудбалер, но затоа и го направив овој чекор, да добијам уште поголемо искуство и да учам од овие фудбалери, јас само што почнувам“, вели Де Лихт.
 
„Ова е голем чекор за мене, прв надвор од мојата земја, среќен сум со начинот на кој ме пречекаа фановите на Јувентус. Бев горд и верувам дека со игрите ќе им се оддолжам“.
 
„Од порано знаев во кој клуб сакам да одам. Веќе ја имав идејата во мене, но на Мино Рајола му велев дека ќе одлучам по завршувањето на Лигата на нации“.
 
„Бев прилично сигурен дека тоа ќе биде Јувентус, но јасно е дека убаво е кога Роналдо ќе ве праша дали сакате да дојдете во Јуве. Тоа беше голем комплимент, но не направи разлика во тоа дали да дојдам или не. Веќе имав одлучено“.
 
„Зборував со Сари на телефон, краток разговор беше тоа. Тој е една од причините поради кои сум тука. Слушнав многу добри работи за него, начинот на кој игра, филозофијата која ја има, напаѓачкиот фудбал, како ја подготвува дефанзивната линија, па тој беше голема причина“. 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе