Серија А

Де Лихт со деби гол му донесе голема победа на Јуве во дербито на Торино (ВИДЕО)

Јувентус славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Торино благодарение на погодок на Матијс Де Лихт. 

Јувентус ја доби битката за Торино, шампионот на Италија го совлада градскиот ривал и освои три важни бода, херој на мечот беше Матијс Де Лихт.
 
На почетокот од мечот имаше и контроверзен момент во кој беше вклучен Де Лихт, тој играше со рака во сопствениот шеснаесетник, но судијата и ВАР сметаа дека раката била во природна положба и не досудија најстрога казна за Торино.
 
Клучниот момент се случи во 70. минута кога по асистенција на Игуаин, Де Лихт постигна гол за водство и победа на Јувентус од 1-0.
 
Со овој триумф Јувентус се врати на врвот на табелата каде што неколку часа престојуваше Интер.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе