Јувентус го победи Интер на пенали

Де Лихт си постигна автогол, Роналдо погоди од слободен удар, Буфон одбрани три пенали! (ВИДЕО)

Матијс Де Лихт во својот прв меч како стартер за Јувентус си постигна автогол, Кристијано Роналдо даде погодок од пенал, Јувентус на пенали го совлада Интер.

Дербито на Италија овој пат се играше во пријателски натпревар како дел од Интернационалниот шампионски куп. .

По само десет минути игра Матијс де Лихт си ја затресе сопствената мрежа. Тоа беше прв меч како стартер за Холанѓанецот во дресот на Јувентус, на натпреварот со Тотнем влезе од клупата.

Јувентус го изедначи резултатот во 68. минута кога Кристијано Роналдо со помош на живиот ѕид погоди од слободен удар за 1-1.

Херој во пенал рулетот беше Џиџи Буфон кој им одбрани на Ранокија, Лонго и Борха Валеро. За Јувентус промашија Рабио и Бернардески. 

За Јуве погодија Кансело, Роналдо, Џан и Демирал, за Интер реализираа Пушкаш, Жоао Марио и Барела.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе