Големото засилување наскоро ќе го потпише договорот

Де Лихт пристигнува во Торино да го комплетира трансферот во Јувентус

Матијс де Лихт се очекува денеска да пристигне во Торино, Јувентус за утре планира медицински тестови, трансферот наскоро треба да биде комплетиран.

Во текот на оваа недела треба да заврши трансфер сагата на Матијс де Лихт и тој конечно да стави потпис на договор со Јувентус.
 
Италијанските медиуми пишуваат дека паднал договор меѓу Јувентус и Ајакс за понуда од 65 милиони евра плус бонуси, а претходно беа договорени и личните услови на фудбалерот.
 
Де Лихт го напушти кампот на Ајакс во Австрија, а официјалното соопштие гласи дека тоа е поради можноста за потенцијален трансфер.
 
Се верува дека Холанѓанецот денеска со приватен лет ќе пристигне во Торино, а утре изутрина ќе ги почне медицинските тестови со Јувентус.
 
Де Лихт треба да биде едно од клучните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе