Холанѓанецот наскоро треба да му стане соиграч на ЦР7

Де Лихт открива: Како дете сакав да бидам Кристијано Роналдо, всушност и првиот дрес ми е од него

Капитенот на Ајакс, Матајс де Лихт открива дека неодамна бил на вечера со другарите од детството кои го потсетиле дека како мал сакал да биде Кристијано Роналдо и првиот дрес му бил токму од Португалецот.

Перспективниот дефанзивец е на чекор до Јувентус, а покрај тоа што „Старата дама“ му дава луда плата, адут плус во корист на шампионот на Италија е желбата на Холанѓанецот да тренира и учи од Кристијано Роналдо.

Медиумите од Холандија сега објавија интервју од Де Лихт во кое капитенот на Ајакс раскажува дека како дете сакал да биде Кристијано Роналдо.

„Неодамна бев на вечера со другарите од детството и ме потсетија дека како мал сакав да бидам Кристијано Роналдо кога игравме фудбал во дворот. Тоа беше во времето кога тој настапуваше за Манчестер јунајтед. Всушност и мојот прв дрес е од него, од тој период. Вечерата беше неколку дена по дуелите со Јувентус на кои јас водев битка токму со Кристијано Роналдо“ – вели Де Лихт за ВИ.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе