„Каталонците“ од поодамна си имаат подадено рака со Ајакс

Де Лихт не се плаши од конкуренцијата во Барса, парите не му биле проблем, па што чека?

Матајс де Лихт вели дека наскоро ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, дефанзивецот е желба на Барселона и уште неколку други клубови.

Капитенот на Ајакс со игрите кои ги прикажа изминативе две сезони, го привлече вниманието на голем број клубови. Се верува дека Барселона уште пред неколку месеци си подала рака со Ајакс, а начелно се договорила и со самиот играч.

Сепак, на адреса на Матајс де Лихт пристигнале неколку побогати понуди од клубови како ПСЖ, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Јувентус, па сега тој калкулира и чека „каталонците“ да одвојат некој милион повеќе.

„Се уште не знам што вели моето срце. Постојано бев фокусиран на Ајакс, а потоа и на репрезентацијата на Холандија. Сега сум на одмор, па ќе имам време да размилам и да донесам одлука за иднината“ – вели Де Лихт во разговор со Мундо Депортиво.

„Најважно за мене е во новиот тим да имам голема улога и загарантирана минутажа“.

Запрашан дали е загрижен поради тоа што на Камп Ноу има дефанзивци од типот на Пике, Умтити, Ленгле и перспективниот Тодибо, тој додава: „Секако дека Барса мора да има одлична одбрана, но конкуренцијата не ме плаши. Нормално е и логично во голем клуб како Барселона да има конкуренција“.

„Парите исто така не се проблем“.

Па чим тој не се плаши од конкуренција, и парите не се проблем, доби прашање зошто се уште не пресекол дека сака во Барса.

„Зошто можеби ова не е прав момент за трансфер во Барселона. Едноставно треба добро да размислам за следниот чекор“.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе