Наполи

Де Лаурентис размислува да го продаде Наполи, има понуда од Катар

Катарци му понудиле на Аурелио Де Лаурентис 560 милиони евра, се верува дека актуелниот претседател на Наполи го загубил интересот за клубот и би можел да го продаде 

Ал-Танис фамилијата која владее во Катар, а исто е сопственик и на ПСЖ преку Катар Спортс Инвестмент, сака да го купи Наполи.
 
Ситуацијата во Наполи е далеку од розова, ова можеби е и најкомлицираната година за Де Лаурентис во која фудбалерите тргнаа против неговиот збор.
 
„Дејли Мејл“ пишува дека актуелниот претседател би можел да го продаде клубот, а голем интерес има од Катарците кои нема да штедат за да си ја остварат целта.
 
Де Лаурентис од 2018 година е сопственик и на Бари, се верува дека интересот би можел да го насочи на тој клуб, а да се откаже од Наполи.
 
Тој е го превзема Наполи во 2004 година, кога клубот беше паднат дури до Серија Ц, го однесе во Серија А, го врати во Лигата на шампионите и во последните години му беше најголем конкурент за титулата на Јувентус.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе