Поради економски и безбедносни причини

Де Лаурентис повторно прави проблеми, побарал да се одложи дуелот помеѓу Наполи и Јувентус во Суперкупот

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентинс побарал дуелот со Јувентус во Суперкупот на Италија да не се игра на 20. јануари и да се одреди нов датум кон финишот на сезоната.

Откако во октомври минатата година Наполи не допатува во Торино за пресметка со Јувентус во Серија А, „наполитанците“ имале обид да поместат и вториот дуел, оној во Суперкупот на Италија закажан на 20. јануари на Мапеи Стадионот во Сасуоло.

Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис доставил барање за одложување на натпреварот поради економски и безбедносни причини.

Приходите од овој меч ќе бидат значително помали во споредба со минатото (2,6 милиони евра сега а 5,8 милиони евра во 2019 кога се играше во Суадиска Арабија). Исто така регионот Реџо Емилија, каде ќе се игра натпреварот е еден од попогодените од ковид-19.

Па од таборот на Наполи барале мечот да се игра кон крајот на сезоната со надеж дека здравствената ситуација значително ќе се подобри па ќе има публика на стадионот или пак ќе се отвори можност некоја друга земја да биде домаќин и да додаде неколку милиони плус во колачот.

Сепак, Серија А го одбила ваквиот предлог и Наполи ќе треба да излезе на мегдан со Јувентус следната недела.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе