Откако во октомври минатата година Наполи не допатува во Торино за пресметка со Јувентус во Серија А, „наполитанците“ имале обид да поместат и вториот дуел, оној во Суперкупот на Италија закажан на 20. јануари на Мапеи Стадионот во Сасуоло.
Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис доставил барање за одложување на натпреварот поради економски и безбедносни причини.
Приходите од овој меч ќе бидат значително помали во споредба со минатото (2,6 милиони евра сега а 5,8 милиони евра во 2019 кога се играше во Суадиска Арабија). Исто така регионот Реџо Емилија, каде ќе се игра натпреварот е еден од попогодените од ковид-19.
Па од таборот на Наполи барале мечот да се игра кон крајот на сезоната со надеж дека здравствената ситуација значително ќе се подобри па ќе има публика на стадионот или пак ќе се отвори можност некоја друга земја да биде домаќин и да додаде неколку милиони плус во колачот.
Сепак, Серија А го одбила ваквиот предлог и Наполи ќе треба да излезе на мегдан со Јувентус следната недела.