„Каталонците“ ја добија битката со ПСЖ и Сити за талентираниот Холанѓанец

Де Јонг сепак ќе заврши на Камп Ноу, но Барса ќе мора да плати дури 90 милиони евра!

Иако минатата недела го прекрши дадениот збор и беше блиску до ПСЖ, младата ѕвезда на Ајакс, Френки Де Јонг сепак ќе се пресели во Барселона во трансфер вреден 90 милиони евра.

„Каталонците“ уште во јуни месец го идентификуваа младиот Френки Де Јонг како идеален играч за подмладување на средниот ред. Лидерите на Барса стапија во контакт со колегите од Ајакс, најпрво им понудија 30 а потоа и 35 милиони евра, како и да го остават играчот уште една година во Амстердам на позајмица.

Но Ајакс знаеше дека во своите редови има бисер па експресно го одби предлогот на шампионот на Шпанија. До крајот на летото во трката се пуштија и ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Јувентус и цената на Френки Де Јонг веднаш рипна.

Ајакс бараше 75 милиони евра, па на крајот во конкуренција останаа само Барса, ПСЖ и Сити, и минатата недела се појавија гласини дека играчот ги одбрал „Светците“ иако имал вербален договор со Барса и дал збор дека ќе се пресели на Камп Ноу.

И покрај тоа што се чувствуваа изневерени, „каталонците“ не се предадоа без борба па во Амстердам отпатуваа сите важни „фаци“, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, генералниот директор Пеп Сегура, теничкиот секретар Ерик Абидал и неговиот заменик Рамон Планес.

Ваквата офанзива се исплатеше, вчера Радио Каталуња пренесе дека работата е завршина и Барса ја добила битката за потписот на Де Јонг, а истото утрово го потврди и холандскиот весник Де Телграф. Агентот на играчот, Али Дурсун им се јавил на ПСЖ и Сити и ги известил дека неговиот клиент ја одбрал Барса.

Сепак, сумата која ќе ја плати Барселона сега е дури тројно поголема од она што го нудеше пред шест месеци, медиумите шпекулираат со бројка од дури 90 милиони евра.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе