Медиумите најавуваат разврска на иднината на Шпанецот

Де Хеа станува најплатен во Манчестер јунајтед, голманот ставил потпис на нов договор

Давид Де Хеа ќе стане најплатен на „Олд Трафорд" со примања од 15 милиони евра нето по сезона, Дејли Рекорд пишува дека голманот ставил потпис на нов четиригодишен договор.

За иднината на Шпанецот се пишува долго, тој е обврзан кон „ѓаволите“ до 30. јуни 2019, веќе во јануари може да потпише пред договор со друг клуб, но Манчестер јунајтед сака да го задржи и двете страни се во преговори.

Кога Манчестер јунајтед беше на турнеја во Австралија на стартот од подготовките за новата сезона, речиси сите медиуми од „островото“ пренесоа дека конечно паднал дил за нов договор на голманот. Се говореше дека официјално соопштение ќе пристигне по враќањето во Манчестер, но се уште нема никаков абер.

Според денешното издание на Дејли Рекорд, Давид Де Хеа ставил потпис на четиригодишен договор со опција за уште додатни 12 месеци според кој ќе биде најплатен на Олд Трафорд со 15 милиони евра нето по сезона.

За иднината на Шпанецот синоќа говореше и Оле Гунар Солшер кој изрази надеж дека наскоро ќе пристигнат добри вести.

„Прилично сум убеден дека ќе пронајдеме заеднички јазик. Давид никогаш не ми кажал нешто друго освен дека го обожава овој клуб и дека сака да остане. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе се реши“ - вели Норвежанецот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе