Манчестер јунајтед конечно го убеди Шпанецот да ја продолжи соработката

Де Хеа станува најплатен голман, кога ќе се врати од турнејa става потпис на договор од речиси 100 милиони фунти

Медиумите од Англија пренесуваат дека Давид де Хеа и Манчестер јунајтед конечно си подале рака за нов договор, Шпанецот прифатил плата од 375.00 фунти неделно.

Давид де Хеа и „ѓаволите“ подолго време се во преговори за продолжување на соработката, двете страни не можеа да најдат заеднички јазик за висината на платата.

Шпанецот бараше плата како на Алексис Санчез, кој има основни примања од 391.000 фунти но со бонуси и премии, сумата може да нарасне на 500.000 фунти.

Сепак последните информации велат дека дошло до компромис. Голем број на извори од Англија доцна вечерва пренесоа дека Давид де Хеа ќе стави потпис на нов договор откако Манчестер јунајтед ќе се врати дома по турнејата во Австралија и Азија.

Се шпекулира дека двете страни си подале рака за петгодишна соработка и неделна плата од околу 375.000 фунти. Тоа значи дека Шпанецот ќе стане најплатениот голман во светот, договорот ќе вреди речиси 100 милиони фунти, односно 97,5 милиони.

Претходно „ѓаволите“ го обезбедија потписот на уште еден важен играч за иднината, Маркус Рашфорд. Англичанецот доби нов договор со плата од 200.000 фунти, која со бонуси и премии може да порасне до 300.000 фунти неделно.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе