Манчестер јунајтед

Де Хеа самиот побарал да даде изјава по дебаклот од Брентфорд: Јас сум одговорен за поразот

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа вели дека е негова одговорноста за загубениот меч од Брентфорд.

Манчестер јунајтед синоќа доживеа вистински дебакл откако загуби со 4-0 на гостувањето кај Брентфорд.

При првиот примен гол, Де Хеа направи голем кикс, а не донесе најдобра одлука ни при вториот кога одлучи да му ја даде топката на Ериксен кој ја загуби.

„Јас ја прифаќам одговорноста. Мислам дека тимот загуби три бода поради мене. Одиграв лош натпревар“, рече Де Хеа кој самиот побара да даде изјава за да се извини.

„По првата грешка, а потоа и втората, на моите соиграчи им беше многу тешко да се вратиме. Требаше да го одбранам првиот шут, ако го сторев тоа резултатот ќе беше друг“.

„Се разбира дека треба да реагираме многу подобро и да бидеме способни да постигнуваме голови. Тоа беше лош перформанс“.

„Лесно е да се игра на подготовките бидејќи играте за ништо. Кога ќе играте мечеви кои значат ви треба храброст, конзистентност и вистински фудбалери“.

„Мора да се држиме заедно како тим и да продолжиме да работиме. Ова е само почеток. Треба уште многу да напредуваме како тим со новиот тренер“.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе