Поранешен играч на „црвените“ е против долгогодишната традиција

„Де Брујне треба да им прави шпалир, а фудбалерите на Ливерпул не можат ниту копачките да му ги врзат!“

Поранешниот играч на „црвените", Дени Марфи е против традиционалниот шпалир, вели дека тоа е глупост и додава дека практично никој не сака да го прави.

Ливерпул по пауза од 30 години стигна до титулата од Премиерлигата, па кога „црвените“ во четврток ќе гостуваат на Етихад кај Манчестер Сити, „граѓаните“ ќе направат шпалир за избраниците на Јирген Клоп кои како шампиони ќе излезат на теренот.

Оваа традиција сепак не му се допаѓа на Дени Марфи, поранешниот фудбалер на Ливерпул вели дека тоа е глупост и додава дека практично никој не сака да прави шпалир.

„Шпалирот наводно треба да покаже понизност, да покаже почит, но јас мислам дека тоа е глупост. Не знам каде започнала традицијата и зошто започнала, но мене би ми било непријатно да правам шпалир“ – вели Дени Марфи во разговор со Токспорт.

„Секако дека ќе се појавам бидејќи морам да се појавам, но не би сакал го сторам тоа бидејќи не се прави со искреност“.

„Доколку јас бев играч на Ливерпул и Манчестер јунајтед станеше шампион, знете дека тие се подобри од вас, го почитувате тоа и ќе го дадете максимумот за да бидете како нив, па тие знаат дека ги почитувате“.

„Фановите не сакаат да ве видат како правите шпалир, играчите навистина не сакаат да го прават тоа, па сето тоа е само ефект за гледачите пред малите екрани и не значи ништо“.

„Кевин Де Брујне е најдобриот фудбалер од средниот ред, веројатно во целиот свет, и тој ќе треба да ракоплеска и да прави шпалир за играчи кои не можат ниту да му ги врзат врвките на копачките“.

„Доколку јас бев шампион, и требаше да поминам низ шпалир, ќе се чувствував чудно, ќе ми беше непријатно. Јасно ми е зошто е креиран, испраќа добра порака на оние кои гледаат, но за мене нема поента да се прави шпалир“.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе