Квалификации ЕВРО 2020

Де Брујне блескаше со гол и три асистенции, Германија се намачи но го освои Белфаст (ВИДЕО)

Белгија е многу блиску до пласман на ЕВРО 2020 откако вечерва предводена од фантастичниот Кевин Де Брујне славеше со 0-4 на гостувањето кај Шкотска, Германија се намачи против Северна Ирска но го освои Белфаст и се враќа дома со три бода.

 

Фаворитете според планот, забележаа победи со кои бележат прогрес кон остварување на целта и обезбедување настап на Европското првенство. Играч на вечерта е Кевин Де Брујне, фудбалерот на Манчестер Сити ја предводеше Белгија со три асистенции и погодок до триумф од 0-4 на гостувањето кај Шкотска, па на „ѓаволите“ сега им требаат уште три бода за да го чекираат билетот за ЕВРО 2020. И Русија е на добар пат да го потврди своето учество на континенталниот собир, „зборнајата“ се намачи против Казакстан но на крајот триумфираше со 1-0 и се зацврсти на второто место во Групата И зад Белгија.

може нема шанси за првите две места на табелата, но не дозволи изненадување и со 0-4 триумфираше на гостувањето кај Сан Марино.

Во Групата Ц, Германија си замина од Белфаст со важни три бода. Северна Ирска во пресрет на ова коло беше на врвот на табелата со 12 бода, вечерва добро го намачи светскиот шампион од 2014, но „панцерите“ на крајот стигнаа до победа со два гола во второто полувреме. Во 48. минута резултатот го отвори Халштенберг, а Гнабри погоди во 93. минута за конечни 0-2.

Холандија ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Естонија и славеше со убедливи 0-4. Бабел постигна два погодока, по еден Депај и Вајналдум. Холандија ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Естонија и славеше со убедливи 0-4. Бабел постигна два погодока, по еден Депај и Вајналдум.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе