Минатата сабота, Манчестер јунајтед го пречека Манчестер Сити во лутото градско дерби, но натпреварот беше решен уште во првото полувреме, со автоголот на Баји и погодокот на Бернардо Силва, „граѓаните“ на пауза заминаа со 0-2.
„Ѓаволите“ во продолжението беа немоќни, мечот го завршија со само еден шут во рамките на голот, па Манчестер Сити прилично лесно си замина од „Олд Трафорд“ со три бода.
Кевин Де Брајне се открива дека последниот тренинг траел само 10 минуто. Во петкот, ден пред натпреварот, Манчестер Сити требал да работи на тактиката, но Пеп Гвардиола не знаел каква формација ќе постави Оле Гунар Солшер, па предвреме ги пратил своите играчи во соблекувална.
„Ден пред натпреварот вообичано на тренингот работиме на тактиката, во зависност од тоа како игра противникот. Но пред мечот со Манчестер јунајтед, Пеп ни рече, „Не знам како ќе играат, ќе видиме.“ И тренингот го прекинавме по 10 минути“ – вели фудбалерот од Белгија.
„Вообичаено Пеп знае како противникот ќе игра. Но овој пат не знаеше, па не знаеше што да прави. Ние како и секогаш ја одигравме нашата игра, но не знаевме дали Манчестер јунајтед ќе игра со петмина во одбрана или со четворица, или пак со дијамнат среден ред или пак со тројца во нападот“.
По тешкиот пораз од Ливерпул, Солшер ја промени формацијата и против Тотнем играше со петмина во одбрана. Со оваа формација го почна и мечот против Аталанта во Лигата на шампиони, но по повредата на Варан, уште во првиот дел се врати на формација со четворица во одбраната.
Норвежанецот реши со петмина во одбраната да стартува и против Манчестер Сити, а по двата гола негатива, на стартот од вториот дел го вметна Санчо место Баји и се врати на формацијата со четворица во последната линија.