ПМФЛ

Дашмир Елези вчера наполни 16 години, денес даде гол за Шкендија

Дербито под шара меѓу Шкендија и Шкупи заврши без победник 1-1, голот за домаќините беше дело на Дашмир Елези кој погоди со само 16 години кои вчера ги наполни. 

Фото: ФК Шкендија
Шкендија има нов бисер во своите редови, Дашмир Елези кој настапува за Македонија У15, погоди на својот прв меч за тетовскиот тим.
 
Откако вчера наполни 16 години, денеска беше ставен во игра и одма даде гол со кој неговиот тим поведе со 1-0. Дашмир Елези е најмладиот стрелец во ПМФЛ. Но по седум минути игра во второто полувреме Адеми изедначи на 1-1.
 
Скопското дерби меѓу Работнички и Македонија ЃП заврши со победа на гостите од 3-1. Со голови на Петров и Адем од пенал, ѓорчепетровци дојдоа до водство од 2-0, а романтичарите намалија благодарение на автогол на Адем. Сепак во вториот дел Фернандо Аугусто реализираше за победа од 3-1.
 
Добар ден за Струмичките екипи, Академија Пандев со 3-2 го победи Пелистер, Миловановиќ, Драгарски и Радески беа стрелци на головите за домаќините, Кочоски двапати погоди за Пелистер. 
 
Големо изненадување направи Беласица која со гол на Каланоски на три минути пред крајот на мечот дојде до победа на гостински терен кај Силекс.
 
Струга ТЛ со гол на Цак со 1-0 ја победи Ренова и се искачи на четвртата позиција на табелата.
 
Вчера Вардар со 2-0 победи на гостувањето кај Борец.
 
Табела по 12. коло:
 
1. Шкендија 26
2. Македонија ЃП 25
3. Шкупи 24
4. Струга ТЛ 19
5. Борец 19
6. Вардар 16
7. Силекс 14
8. Работнички 13
9. Пелистер 12
10. Академија Пандев 10
11. Ренова 8
12. Беласица 8
 
Фото: ФК Шкендија

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе