Вечерва во квалификациите само два меча беа важни. И додека прилично јасно беше каков ќе биде исходот на дуелот помеѓу Гибралтар и Швајцарија (гостите победија со 1-6), неизвесно беше во Даблин каде Ирска ја пречека Данска.
Домаќините мораа да победат за да скокнат на второто место и да обезбедат пласман на Европското првенство. Мечот беше возбудлив, Данска поведе во 73. минута со својата прва шанса и голот на Браитваит, Доерти изедначи во 85. минута па публиката виде драматична завршница.
Ирска фрли се во напад, се обидуваше до последниот свиреж но не го постигна толку посакуваниот гол. За домаќините сепак не е се загубено, тие ќе имаат втора шанса преку баражот од Лигата на нации.