Ќе се испрати силна порака

Дани Алвеш со интересен предлог: Дајте му ја „Златната топка“ на Ериксен!

Дани Алвеш излезе со интересен предлог за овогодинешното издание на престижната награда „Златна топка", Бразилецот вели дека признанието треба да му се додели на Кристијан Ериксен.

Вечерва во Париз ќе биде доделена „Златната топка“, главни кандидати се Лео Меси, Карим Бензема и Роберт Левандовски.

Во разговор со Скај Италија, Дани Алвеш излезе со интересен предлог и вели дека оваа престижна индивидуална награда треба да заврши во рацете на Кристијан Ериксен. Изминатово лето, Данецот добри ги исплаши сите кога колабираше против Финска на Европското првенство.

Срцето на Кристијан Ериксен престана да чука, но со брза реакција, докторите го вратија во живот. Фудбалерот од средниот ред потоа беше опериран, доби Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и регулира ритамот на срцето.

Се уште е нејасно дали тој ќе се врати на терените, со ваков уред во Серија А не може да настапува, па има гласини за преселба во Ајакс доколку реши да продолжи да игра фудбал.

„Ериксен ја заслужува „Златната топка“ оваа година. Поради она низ што помина, ќе се испрати силна порака до светот на фудбалот, луѓето ќе имаат поголема чувствителност“ – вели Дани Алвеш, кој неодамна направи изненадувачки трансфер и се врати во Барселона.

„Меси е најдобар, веќе 20 години е најдобар, но ќе биде навистина убаво доколку Ериксен ја добие „Златната топка““.

„Мислам дека имаме шанса да испратиме порака до светот и младите луѓе дека фудбалот е многу повеќе од „Златна топка“ или од „Д Бест“... Ризикуваме секогаш кога ќе излеземе на теренот. Имам пријател кој почина играјќи фудбал, понекогаш се случуваат вакви работи. Па потребно е луѓето да имаат поголема чувствителност“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе