По големиот успех со Хрватска на СП 2018

Далиќ ставен на слатки маки, од Кина доби понуда од која боли глава

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е ставен на слатки маки откако од Кина добил понуда од која боли глава, односно 15 милиони долари за три години.

„Коцкестите“ беа најпријатното изненадување во Русија, ги освоија симпатиите на неутралните фанови и испишаа историја откако стигнаа до среброто. Одличните изданија на мундијалот им ја зголеми цената на дел од играчите но и на селекторот Златко Далиќ.

Како што пренесуваат медиумите од Хрватска, стратегот е ставен на слатки маки откако од Кина добил понуда од која боли глава, односно 15 милиони долари за три години.

Милионска понуда за Златко Далиќ пристигнала и од Јужна Кореа, а очигледно ниту „Ватрените“ нема да седат со скрстени раце.

Тој има валиден договор со репрезентацијата на Хрватска до 2020 според кој има годишна плата од 550.000 евра, но Давор Шукер и неговите соработници планираат да му понудат нов побогат договор. Се споменува сума од еден  милиони евра по сезона.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе