Селекторот историскиот успех им го препишува на фудбалерите

Далиќ: Моите фудбалери не се нормални, ако даде Бог ќе бидеме Светски шампиони!

Хрватските фудбалери испишаа историја откако со 2-1 ја победија Англија и се пласираа во големото финале на Светското првенство, селекторот Златко Далиќ сите заслуги ги препишува на своите фудбалери.

Златко Далиќ е диригентот на хрватскиот оркестар кој ќе игра во последниот меч на Светското првенство и ќе се бори за најголемиот фудбалски пехар. Но тој ги величи само своите играчи.
 
„Им честитам на моите момци, тие не се нормални. Јас ништо не остварив, се направија моите момци. Ова што го одиграа е фантазија, како се бореа, како трчаа. Им благодарам на нашите навивачи во целиот свет, во Хрватска и во Босна и Херцеговина“, изјави селекторот Далиќ по мечот.
 
„Полека одиме, уште не сме застанале. Ова е за историја. Остануваме во Москва и ако даде Бог ќе бидеме шампиони на светот“.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе