По неговиот татко, и фудбалерот сега поседува имот во Милано

Дали се подготвува спектакуларен трансфер? Лео Меси купил луксузен пентхаус до канцелариите на Интер!

По веста дека таткото на Лео Меси купил куќа во Милано, медиумите од Италија сега пишуваат дека и самиот фудбалер купул имот во градот на модата, се работи за луксузен пентхауз во близина на канцелариите на Интер.

Изминативе неколку недели често се пишува за преселба на Лео Меси во Интер, гласините започнаа откако таткото на Аргентинецот купи куќа во Милано. Од таборот на „нероаѕурите“ во неколку наврати порачаа дека е невозможно да го ангажираат напаѓачот на Барселона, но гласините никако да престанат.

Весниците сега добија нова муниција за шпекулации откако и самиот Лео Меси купил имот во градот на модата.

Како што пренесуваат голем број на извори, Лео Меси купил луксузен пентхаус во екслузивната област Порта Нуова. Интересно, и овој објект се наоѓа во непосредна близина на канцелариите на Интер.

Дали се подготвува спектакуларен трансфер или се работи за чиста случајност, останова да се види.

Италија пред неколку години направи промена во даночните закони, странците имаат големи повластувања и се верува дека тоа е главната причината зошто Хорхе Меси обезбеди живеалиште во Милано.

Од друга страна, договорот на Лео Меси со Барселона истекува во 2021 година и во моментов преговорите се стопирани поради заладениот однос на Аргентинецот со раководството на клубот.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе