Јуве има двајца мајстори во Пјаниќ и Дибала

Дали Роналдо треба да продолжи да шутира слободни удари? Статистиката му е очајна (ФОТО)

Кристијано Роналдо е прв изведувач на слободни удари во Јувентус, ЦР7 има предност пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала и покрај тоа што има очајна статистика а црната серија продолжи и вечерва против Лион.

Португалецот важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата и еден од најдобрите во историјата а ваквиот статус носи и одредени привилегии. Во Јувентус тој е прв изведувач на слободни удари и има предност пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала, кои исто така располагаат со одличен шут.

Но статистиката на Кристијано Роналдо е очајна, откако се пресели во Торино, нема постигнато гол од дури 38 обиди. Неговите удари најчесто завршуваат во живиот ѕид, така беше и денеска против Лион, кога ЦР7 имаше обиди од прилично солидни позиции но не успеа да ја помине ниту првата пречка.

Дали егото треба да биде ставено на страна за доброто на тимот, или Кристијано Роналдо треба да продолжи да изведува слободни удари сепак е работа на Маурицио Сари и раководството на Јувентус.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе