Лоши вести само неколку дена по освоеното Скудето

Дали ова е крајот на кариерата? Ибрахимовиќ опериран и ќе паузира 7-8 месеци

Милан попладнево соопшти дека Златан Ибрахимовиќ бил опериран во Лион, напаѓачот ќе паузира 7-8 месеци и големи се шансите ова да е крај на неговата кариера.

Лоши вести за Златан Ибрахимовиќ само неколку дена по освоеното Скудето со Милан.

Напаѓачот денеска го оперирал левото колено во Лион, зафатот бил успешен, но сега го чека долг процес на рехабилитација.

Како што пренесуваат „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ ќе биде надвор од стројот од седум до осум месеци и би се вратил на терените на почетокот од 2023 година.

Големи се шансите ова да е крај на неговата кариера, Милан сега ќе ја чека одлуката на Златан Ибрахимовиќ, дали ќе продолжи да игра фудбал, или ќе се пушти во нови води и ќе стане дел од управата.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе