Барса и Реал ќе се борат за потписот на напаѓачот

Дали Нејмар почна да флертува со Реал? Бразилецот ги разгоре шпекулациите со објава на Инстаграм (ФОТО)

Нејмар јавно се уште нема кажано ништо за својата иднина, но се чини дека преку социјалните мрежи испраќа одредени сигнали, неговата последна објава на Инстаграм ги разгоре шпекулациите.

Бразилецот сака да стави крај на авантурата во Париз и уште ова лето да замине од ПСЖ. Барселона и враќање на Камп Ноу е негова прва желба, но зделката е комплицирана. „Каталонците“ немаат пари да го купат, а и ПСЖ преферира да го испрати во друг клуб поради лошиот однос со Барса.

Флорентино Перез сака да ја искористи ваквата ситуација и да го донесе својот миленик и дамнешна желба во Мадрид, се шпекулира дека Реал понудил 120 милиони евра плус услугите на Лука Модриќ.

И додека Нејмар јавно се уште нема кажано ништо за својата иднина, се чини дека преку социјалните мрежи испраќа одредени сигнали и неговата последна објава на Инстаграм ги разгоре шпекулациите.

Тој објави фотографија од пред седум години, на која се поздравува со Зинедин Зидан. Во кадарот се уште две големи бразилски легенди, Луис Назарио да Лима Роналдо и футсал играчот Фалкао. Моментот е од еден хуманитарен натпревар.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе