Тотнем

Дали Мурињо ја губи „соблекувалната“? Португалецот имал жестока расправија со Роуз

Роуз не беше дел од тимот на Тотнем на гостувањето кај Ватфорд во минатото коло, на првиот тренинг по мечот дошло до голема расправија меѓу него и Мурињо. 

На бекот на Тотнем не му се допаднало изоставувањето од тимот, па бурно реагирал кон Мурињо на првиот тренинг после мечот со Ватфорд.
 
Фудбалерот барал објаснување од Мурињо зошто не бил во тимот по што настанала голема расправија на висок тон меѓу двајцата.
 
Клубот претходно соопшти дека Роуз се уште не е комплетно опоравен од повредата и нема да може да му помогне на тимот против Ватфорд.
 
Сепак Роуз сметал дека е спремен за игра и како шок го доживеал изоставувањето од тимот.
 
Дури и дел од фудбалерите на Тотнем сметале дека Роуз ги поминал границите и застанале во одбрана на Мурињо.
 
Мурињо го тргнал на страна бекот и зборувал со него во четири очи. Останува да видиме дали ова однесување на Роуз ќе има последици по статусот на играчот.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе