Килијан Мбапе ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ и подолго време се шпекулира дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Но во последно време, се поголем број на извори пренесуваат дека напаѓачот полека ја подотвара вратата за продолжување на соработката со „светците“.
Една од опција која може да одговара на сите страни е двегодишен договор и дозвола за трансфер летото во 2023 година. На овој начин, Килијан Мбапе ќе биде дел од ПСЖ кога мундијалот ќе се игра во Катар, а „светците“ ќе добијат и одредено обесштетување од Реал Мадрид.
Неколку фактори влијаат врз ваквиот развој на настаните. Првиот е Лео Меси, кој полека развива одлична соработка со Килијан Мбапе и Французинот е свесен дека може да стане подобар играч покрај Аргентинецот.
„Меси е голем играч, знаеме дека се прилагодува на нов живот, нов град и нов клуб. Дури и да сте ја освоиле седум пати „Златната топка“, потребно ви е време да се адаптирате“ – вели Килијан Мбапе.
„Но тој игра се подобро и подобро. Со него е лесно, секогаш сум сакал да играм со големи играч, мислам дека големите играчи треба да играат со големи играчи, и растураме заедно на теренот. Лично јас, прилично уживам“.
Килијан Мбапе исто така може да биде примамен од идејата да стане најдобар стрелец во историјата на ПСЖ. Со двата гола против Сент Етјен, тој го достигна постигнувањето на Златан Ибрахимовиќ (156 погодока) и сега пред него е само Единсон Кавани со 20 погодоци.
„Ќе видиме што ќе се случи, да се биде прв стрелец на ПСЖ не е нешто што може да се игнорира“ – вели Мбапе.