Примера

Дали „Кралот“ се буди? Реал Мадрид ја победи Севиља во Андалузија (ВИДЕО)

Со гол на Карим Бензема, Реал Мадрид со 1-0 победи на гостувањето кај Севиља и освои три многу важни бодови во тежок период.

Кралскиот клуб беше во криза, но оваа победа на тешкото гостувањет кај Севиља може да ги промени работите.
 
Пред да влезе во денешниот меч, Реал Мадрид последен пат ја имаше победено Севиља на нејзин терен дури пред четири години, во 2015 година.
 
Реал Мадрид беше подобар противник, создаде повеќе шанси и на крајот заслужено победи, Севиља не упати ниту еден удар во рамките од голот на Куртоа кој по долго време успеа да ја сочува својата мрежа.
 
Клучниот момент се случи во 64. минута кога по центаршут на Карвахал, Бензема погоди со глава за победа на Реал Мадрид од 1-0.
 
Со овие три бода Реал Мадрид се искачи на второто место на табелата со 11 бода колку што има и лидерот Атлетик Билбао со подобра гол разлика.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе