Советот на градот Неапол едногласно ја изгласа промената

Дадено зелено светло: „Сан Паоло“ стана „Диего Армандо Марадона“

Стадионот на Наполи во иднина ќе го носи името „Диего Армандо Марадона", општината Неапол денеска едногласно ја изгласа промената.

По смртта на Диего Армандо Марадона, беше даден предлог да се промени името на стадионот на Наполи, местото каде Аргентинецот во сиот раскош го покажа својот талент и ги предвоеше „сините“ до две Скудета.

Денеска, група католички свештеници побараа компромисно решение, да се задржи името „Сан Паоло“, но оштината Неапол реши да ги игнорира.

На денешната седница, градоначалникот Лујџи де Маџистрис дал предлог стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во „Диего Армандо Марадона“ а градсиот совет едногласно ја изгласал промената.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе