Квалификации за СП 2022

Да се прекине лошата серија од гостувањата кај Ерменија и да се сочува надежта за бараж

Денеска со почеток од 18 часот Македонија во Ереван против Ерменија го игра претпоследниот натпревар од Квалификациите за СП 2022, победа ќе ни ја оддржи надежта за бараж. 

Ова ќе биде дури 12. меѓусебен натпревар меѓу Македонија и Ерменија, со ниту една друга селекција не сме одиграле повеќе.
 
Кога станува збор за гостувањата кај Ерменија, не можеме да се пофалиме со големи успеси, од пет меча имаме една победа, едно реми и три порази од кои два убедливи.
 
На послелдните два меча кои ги игравме во Ереван, примивме дури 8 голови, загубивме со 4-1 и 4-0. Последниот меч како гости против Ерменија го загубивме со 1-0, но тој дуел се играше во Кипар поради пандемијата на коронавирус.
 
Шансите за пласман во баражот за СП ни се мали, треба да ги победиме Ерменија и Исланд и да чекаме кикс на Романија која има лесен распоред, го пречекува Исланд и му гостува на Лихтенштајн.
 
Како и да е, за да се надеваме до самиот крај, денеска ќе мора да ја прекинеме лошата традиција од гостувањата кај Ерменија и да се вратиме со победа.
 
„Играчите и на двете селекции меѓу себе добро се познаваат. Моменталната инспрација и мотивација кај двете екипи е на завидно ниво, мислам дека поголемата концентрација на самиот натпревар ќе го одлучи победникот. Двете репрезентнации имаат шанси за вторро место, сега очекувам сосема поинаков меч од оној во Скопје, отвоврен од двете страни бидејќи и на двете селекции ни треба победа“, вели селекторот Благоја Милевски.
 
Барди смета дека заедништвото во селекцијата може да биде предноста за Македонија.
 
„Ние се фокусираме на нашата работа, не на нивната. Најважно е ние да се подготвиме најдобро што можеме и кога ќе бидеме на теренот да знаеме што правиме. Мора да бидеме заедно како никогаш досега и тоа треба да биде клучот за победа“, вели Барди.
 
Мечот меѓу Ерменија и Македонија се игра со почеток од 18 часот, а ТВ преносот е на каналите на „Спорт Клуб“.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе