Не прифаќаат сите помали примања поради кризата од коронавирусот

„Да ни ги намалат платите? Не сме сите Кристијано Роналдо, него и два месеци без плата не му прави разлика“

Голманот на второлигашот Читадела, Алберто Палеари не се сложува со идејата да им бидат намалени платите на фудбалерите, вели дека не биле сите богати како Кристијано Роналдо и да можат лесно да се справат со помали примања.

Коронавирусот го суспендираше фудбалот речиси секаде ширум светот, првенствата кои се уште се во тек, се бројат на прсти. Тоа што нема натпревари значи помалку приходи во касите, клубовите можат да станат неликвидни, па се размислува за кратење на платите на фудбалерите за да се надмине тешкиот период.

И додека некои клубови веднаш пронајдоа договор со играчите, многу голем дел од фудбалерите не се сложуваат со ваквата мерка.

Секако, некои веројатно со право се противат, особено оние од вторите лиги, кои имаат мали примања. Со такво размислување е и голманот на италијанскиот второлигаш Читадела.

„Видете, доколку речат да не земеме плата еден месец, но следниот да добиеме две плати, тогаш нема проблем, се сложувам со ова. Но доколку треба да ни се намалат платите и да зимаме помалку со месеци, тоа е проблем. Не сме сите Кристијано Роналдо, него и два месеци без плата не му прави разлика. Јас не можам без плата два месеци, газдата на станот веднаш ќе ми тропне на врата и ќе си ја бара киријата“ – вели Алберто Палеари.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе