Лига на шампиони плејоф

Црвена звезда втора година по ред ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Црвена звезда поради гол повеќе во гости го елиминира Јанг Бојс и втора година по ред се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, таму ќе биде и Динамо Загреб кој го исфрли Розенборг.

Црвена звезда одигра 1-1 во Белград против Јанг Бојс, благодарение на гол повеќе на гостински терен оди понатаму.
 
Еден час се играше без голови, а потоа по една одлична акција Вукановиќ погоди со глава за водство на Црвена звезда од 1-0.
 
Српскиот тим ја контролираше играта, но на десет минути пред крајот Бен си постигна автогол и им даде надеж на гостите дека на крајот тие може да се радуваат.
 
Имаше шанси Јанг Бојс во финишот, но Црвена звезда издржа и на крајот сосема заслужено втора година по ред ќе игра Лигата на шампионите.
 
1-1 заврши и натпреварот меѓу Розенборг и Динамо Загреб. Хрватскиот тим го доби првиот меч со 2-0 и со вкупни 3-1 се пласира во групната фаза од елитното натпреварувања.
 
Розенборг поведе со гол на Акинтола уште во 11. минута, но тоа беше се што направија. Гојак во 71. го изедначи резултатот на 1-1. Адеми го одигра целиот меч.
 
Пласман во групната фаза обезбеди и Олимпијакос кој уште еднаш го совлада Краснодар, овој пат во Русија со 2-1.
 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе