Лига на шампиони квалификации

Црвена звезда разочара, одигра само нерешено против Шериф во Белград

Црвена звезда ремизираше со 1-1 против Шериф Тираспол во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. 

Црвено-белите разочараа на првиот натпревар против Шериф Тираспол преку кој треба да се пласираат во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
 
Тираспол имаше и водство во Белград, тие поведоа со погодок на Кастенада во 33. минута. Изедначи Диони со гол во самиот финиш од првото полувреме.
 
Кканга во 58. минута заработи втор жолта картон па Црвена звезда повеќе од половина час играше со фудбалер помалку.
 
На свој терен киксна и Олимпијакос кој се спасуваше од пораз против Лудогорец.
 
Бугарскиот тим поведе во 50. минута преку Десподов, изедначи Камара на три минути пред крајот.
 
ПСВ со 3-0 го победи Митјиланд во Ајндховен, Монако со 2-0 славеше на гостувањето кај Спарта Прага, Ренџерс со 2-1 загуби кај Малме.
 
Резултати трето квалификациско коло за ЛШ:
 
Малме - Ренџерс 2:1
Спарта Прага - Монако 0:2
Клуж - Јанг Бојс 1:1
Генк - Шахтар 1:2
ПСВ - Митјиланд 3:0
Црвена звезда - Шериф 1:1
Олимпијакос - Лудогорец 1:1

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе