Лига Европа квалификации

Црвена звезда испадна, ништо од дуел со Динамо Загреб (ВИДЕО)

Црвена звезда загуби со 1-0 на гостувањето кај Шериф и со вкупни 1-2 испадна од квалификациите за Лигата на шампионите. 

Црвена звезда одигра бледо и загуби од Шериф иако голот кој го примија беше сомнителен.
 
Единствениот гол беше постигнат во судиското продолжение од првото полувреме кога Арболеда реализираше со глава за водство на Шериф од 1-0. Погодокот можеби беше постигнат од офсајд, но нема ВАР во оваа фаза од натпреварувањето.
 
 Во второто полувреме јалови беа нападите на Црвена звезда, Шериф создаде повеќе шанси од контра напади, но резултатот остана ист.
 
Црвена звезда плати за ремито на свој терен од 1-1.
 
Но тука не завршува европската сезона за Црвена звезда, тие како поразени ќе играат плеј-оф за Лига Европа, а ако загубат ќе играат во групната фаза од Конференциската лига.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе