Премиерлига

Црн ден за Арсенал, пораз во 95. минута и повреда на Лено (ВИДЕО)

Арсенал со пораз се враќа и од гостувањето кај Брајтон, Неал Мопе постигна гол во 95. минута за голема победа од 2-1 за неговиот тим кој се бори за опстанок, топчиите останаа и без голманот лено кој се повреди во првото полувреме. 

По поразот од Манчестер Сити, уште еден загубен меч за Арсенал по враќањето на фудбалот во Англија, овој пат со наведната глава го напуштија стадионот на Брајтон.
 
И повторно загубија играч поради повреда, во 40. минута голманот Лено мораше да го напушти голот по дуел со Неал Мопе кој на крајот се покажа и како херој за Брајтон.
 
Резултатот беше отворен во 68. минута кога Пепе постигна прекрасен гол за водство на Арсенал од 1-0.
 
Но водството на топчиите не траеше долго, во 75. минута Данк го изедначи резултатот на 1-1.
 
Се очекуваше со тој меч и да заврши мечот, но по една одлична акција Неал Мопе погоди за победа на Брајтон од 2-1.
 
По последниот свиреж на судијата се направи и гужва на теренот откако фудбалерите на Арсенал се обидоа и физички да се пресметаат со Мопе.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе