Австралија опен

Циципас со моќна игра до полуфиналето на Австралија опен

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас за неполни два часа го победи Синер и се пласираше меѓу четирите најдобри на Австралија опен. 

Циципас е третиот полуфиналист на грен-слем турнирот во Мелбурн, денеска одигра речиси перфектна партија против италијанскиот тенисер Синер.
 
Мечот не траеше ни два часа, а Циципас го доби со 6-3, 6-4 и 6-2.
 
Тој во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Медведев и Оже Алиасим.
 
Синоќа беше формирана првата полуфинална двојка, Надал против Беретини.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе