Македонецот не тагува многу по пропаднатиот трансфер

Чурлинов стрелец за Штутгарт против Цирих (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов постигна гол за Штутгарт на пријателскиот натпревар против Цирих.

Дарко Чурлинов минатата сезона ја одигра на позајмица во Шалке и помогна клубот од Гелзенкирхен да обезбеди промоција во Бундеслигата. Македонецот изрази желба да продолжи да го носи „синиот“ дрес, но двата клуба не успеаја да најдат заеднички јазик и тој се врати во Штутгарт.

И додека неговата иднина е неизвесна, Дарко Чурлинов се фокусира само на тоа како да го прикаже најдоброто од себе и денеска постигна гол за популарните „шваби“ на тест натпреварот против Цирих.

Македонецот стреалаше прецизно по земја во 69. минута за пресврт и водство од 2-1 на Штутгарт, во меч кој на крајот заврши со резултат 3-2.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе