Напаѓачот се сели во Белгија

Чурлинов е пред заминување од Штутгарт, Македонецот се договорил со Андерлехт

Медиумите од Германија пренесуваат дека Дарко Чурлинов е пред заминување од Штутгарт, Македонецот договорил петгодишна соработка со Андерлехт.

Дарко Чурлинов имаше добри подготовки со Штутгарт, постигна гол во Купот на Германија, но се чини дека нема да продолжи со клубот од „Мерцедес Бенц“ Арена.

Како што пренесува Скај Германија, Македонецот со Андерлехт договорил петгодишна соработка и договор до 2027 година.

Клубот од Белгија сега треба да пронајде дил со Штутгарт, се говори за трансфер помеѓу 4 и 5 милиони евра.

Барнли од Англија исто така пројавува интерес за услугите на Македонецот, но тимот предводен од Компани не сака да плати повеќе од 3 милиони евра.

Шалке исто така сакаше да го задржи Дарко Чурлинов по успешната позајмица, но клубот од Гелзенкирхен не можеше да ја плати сумата која ја побара Штутгарт.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе