РК Вардар

Чупиќ: Извлекуваме и повеќе отколку што овој Вардар вреди, ќе продолжиме да се бориме

Вардар одигра сосема солиден меч против Монпелје ако се земе во предвид моменталната ситуација во тимот, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз. 

Вардар беше поразен од Монпелје со 31:27 во последниот натпревар оваа сезона од групната фаза во Лигата на шампионите. По мечот Иван Чупиќ отворено зборуваше за ситуацијата.
 
„Во завршните моменти, не дека не игравме добро, но немаме квалитет на тренинзи, немаме долг ростер на клупа и секој натпревар до 30-40. минута сме добри, нè држат можеби и голманите во натпреварите. А потоа се знае дека ни недостига искуство, ни недостига подолга клупа“, вели Чупиќ.
 
„Глупаво е сега да зборуваме, но вчера и завчера трениравме со 5-6 играчи, што поради повреди, што поради болест, вирус. Некои играчи имаат повреди подолго време, а се вратија за да помогнат, немаат тренинзи како што треба. Ова се случува веќе 2-3 месеца, да паѓаме во завршницата во натпреварите, губиме и концентрација и фаќа нервоза... Тоа се моментите кога губите еден бод или два, а кои се многу важни“.
 
„Ни недостига она нешто што е неопходно за да победувате во Лигата на шампионите, да играме повеќе од 35-40 минути. Гледате денеска бевме добри до одреден момент со Монпелје, но кај нив играше Симонет, па потоа игра Ричардсон, па Деска, па Гребиј..... да не им ја набројувам цела екипа. А кај нас Сергеј (Горбок) не ни тренираше оваа недела. Тешко ми е сега да ви објаснам како е од оваа страна, како е да се тренира и да се игра вака. Не е дека ние не сме победници, но во моментов таква е нашата реалност, засега тоа е шестото место“.
 
„Не сакам да излегува дека сакам да кукам или да плачам. Секоја недела велиме ќе сакаме, ќе можеме, но во спортот така оди: колку пари – толку музика. Ова е реалноста на Вардар и мислам дека ние извлекуваме и повеќе отколку што оваа екипа вреди. Не сакам сега да ја омаловажувам вредноста на моите играчи, тие се најдобри, јас ќе ги сакам најмногу додека сме овде заедно, тие се најдобри на светот“.
 
„Еве овде со мене е третиот тренер веќе оваа сезона, тешко му е и нему, тешко им беше и на Еди и на Писонеро. Еден тренер на Вардар велеше, нема да кажам име, велеше ако има само шест играчи во Вардар, еден голман треба да ни биде доста за победа. Овие два-три натпревара сме нешто подобри само поради одличните настапи на Кизиќ. Ние во моментов не вредиме за осумте најдобри екипи во ЛШ, ама сепак, утре, задутре пак ќе дојдеме на тренинг и пак ќе сакаме да играме, да бидеме подобри, да победиме кој и да ни дојде следен“.
 
„Јас сакам со оваа екипа да одам во Келн, затоа што е сон да одиш во Келн и цела соблекувална го сонува тоа, ама тешко е. Сепак, додека не одиграме, додека некој не нè победи денеска Монпелје, не се предаваме. Денеска натпреварот не го загуби Вардар, туку јас, бидејќи утнав 5-6 зицери. Да ги погодев ќе победевме. Но дури и да победевме повторно ќе биде тешко од понеделник. Ќе одиме во Нашице, веројатно со автобус, да плати некој авион, би било убаво. Не е ова зборување против клубот, јас едноставно зборувам за мојата соблекувална. Тоа е моја соблекувална. Тешко е, ама ќе видиме, по Нашице можеби ќе биде нешто поинаку, ако победиме. Секогаш е поубаво чувството кога победувате“.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе