Лига Европа

Чудесен кам-бек на Зенит, почна со 0-4 заврши со 8-1 и тоа со играч помалку! (ВИДЕО)

Зенит и Динамо Минск вечерва одиграа луд меч во квалификациите од Лига Европа, домаќините на крајот славеа со 8-1 и ја надополнија негативата од 0-4 од првиот натпревар.

Динамо Минск приреди големo изненадување минатата недела и забележа победа над фаворитот од Санкт Петербург совладувајќи го со убедливи 4-0 пред своите фанови.

Зенит сепак не се предаде и вечерва имаше пресврт за паметење. Откако Нобоа донесе предност од 2-0 во 66. минута, набрзо домаќините останаа со играч помалку бидејќи Паредес заработи втор жолт картон. Но иако имаше фудбалер помалку, Зенит се избори за продолженија откако Дзјуба за три минути два пати ја тресеше мрежата на противникот.

Динамо Минкс прв зададе удар во дополнителните 30 минути, но ниту тоа не ги ги скрши фудбалерите на Зенит кои потоа постигнаа четири погодоци. Најпрво Дриуси погоди во 109. минута, пота следуваше нов гол на Дзјуба, за Мак да реализра два пати во 122. и 123. минута за убедливи 8-1 и еден од најголемите кам-бекови во фудбалот.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе