Не може да гледа како седи на клупата за резерви

Човекот кој го донесе Дибала во Италија сега советува: Напушти го Јувентус и оди во Реал Мадрид

Поранешниот прв човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини не може да гледа како Пауло Дибала седи на клупата за резерви па го советува напаѓачот да го напушти Јувентус и да се пресели во Реал Мадрид.

Аргентинецот има мала минутажа оваа сезона, а на последната средба со Лацио направи грешка и овозможи домаќините да постигнат гол за изедначување во 95. минута. И додека медиумите го критикуваат за игрите, Маурицио Ѕампарини се чуди како фудбалер со квалитетите на Пауло Дибала седи на клупа.

„И понатаму сум убеден дека тој е новиот Лео Меси“ – вели поранешниот прв човек на Палермо, кој го донесе Пауло Дибала во Италија во 2012.

„Тоа што Дибала не е стартер во Серија А е богохулие. Пауло требаше да го послуша советот кој му го дадов уште пред три години, да замине од Торино. Му кажав јасно, „Пауло, за твое добро мораш да заминеш од Јувентус“. Неговиот фудбал е фантазија, повеќе одговара на Барселона или Реал Мадрид“.

„Тој е шампион а не резерва. Исто така, Јувентус веќе го има Кристијано Роналдо кој е феномен, па Дибала мора да замине и да биде број 1 на друго место“.

„Мојот совет е ист како и претхоно, „Пауло, напушти го Јувентус и оди во Реал Мадрид“. По можност уште во јануари, зделката ќе им одговара на сите“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе