Циркуз кој ретко се гледа

Човек да се чуди: ФФШ ја казни Барса со смешни 300 евра, а „каталонците“ решија да се жалат

Барселона за неправилности при трансферот на Антоан Гризман вреден 120 милиони евра доби смешна казна од 300 евра, но и покрај тоа лидерите на „каталонците“ решија да се жалат.

Обвинувањата од Атлетико дека Барса стапила во контакт со Антоан Гризман уште во март месец и си подала рака со Французинот за преселба на Камп Ноу додека тој се уште бил под договор со „колчонероси“ направи циркуз кој ретко се гледа.

Атлетико бараше 80 милиони евра, односно разликата во откупната клаузула од месец март (200 милиони евра) и откупната клаузула од месец јули (120 милиони евра), но Фудбалскате федерација на Шпанија денеска изрече симбилична парична глоба од 300 евра.

За ситуацијата да биде уште покомична, „каталонците“ ќе достават жалба и покрај тоа што поминаа приично лесно.

Мундо Депортиво вели дека на лидерите на Барса не им е до парите, туку се работи за нивната чест па ќе ги оспорат доказите кои покажувале дека имало недозволена комуникација со Антоан Гризман.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе