Подготовките на „ѓаволите“ пореметени од непријатна вест

Член на персоналот на Манчестер јунајтед итно пренесен во болница во Перт откако се предозирал

Манчестер јунајтед потврди дека член на персоналот итно бил пренесен во болница откако му се слошило во хотелот каде престојува делегацијата на „ѓаволите", медиумите пренесуваат дека се работело за предозирање.

„Ѓаволите“ во моментов се на турнеја во Австралија каде треба да одиграат неколку тест средби. Стартот на подготовките е нарушен од веста дека член на персоналот итно бил пренесен во болница.

Манчестер јунајтед не откри детали и само соопшти дека во хотелот каде што престојуваат, му се слошило на човекот. Според пишувањата на медиумтие се работи за маж на возраст од околу 50 години и првите сомнежи се дека тој се предозирал, но сега е во стабилна состојба.

Од болницата во која е примен членот на персоналот на Манчестер јунајтед се уште се немаат огласено, и во моментов не е јасно дали предозирањето настанало поради конзумирање на недозволени дроги, препишани лекови или поради некоја медицинска состојба.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе