МЕКСИКАНЕЦОТ НЕ САКА ДА ГИ СЛЕДИ СТАПКИТЕ НА ЖИЊАК

Чичарито: Не ми е потребен хипнотизер за да се вратам во голгетерска форма

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Хавиер Ернандез ја одби понудената помош за враќање во голгетерска форма од познатиот хипнотизер Џон Милтон

Популарниот Чичарито поминува низ долг голгетерски пост, тој повеќе од 100 дена нема постигнато гол.

За надминување на проблемот му беше понудена помош дури и од познатиот хипнотизер, Џон Милтон.

Тој успеа да му помогне на Андре Пјер Жињак, кој преку 860 минути не знаеше за погодок во првенството на Мексико, да влезе во голгетерска форма.

Сепак, во разговор со ЕСПН Мексико, Хавиер Ернандез вели дека не му е потребна помош.

„Не ми треба хипнотизер за да бидам она што сум” – вели репрезентативецот на Мексико.

„Ова е жално, некои работи мораат да се променат во мексиканскиот менталитет. Никогаш нема да му се јавам на некого за да се стекнам со слава”.

„Никогаш не ми бил потребен хипнотизер”.

„Знам дека порано или подоцна ќе пристигнат головите. Се чуствувам добро и сум релаксиран”.

„Не сум во овој спорт само за да постигнувам голови, туку да играм фудбал, да настапувам на Светски првенства и Лигата на Шампионите”.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе