Серија од десет меча без победа

Четврти пораз по ред за Шалке откако продолжи Бундеслигата (ВИДЕО)

Вердер ја продлабочи кризата на Шалке откако со 1-0 го победи во Гелзенкирхен со убав гол на Битенкур уште во првото полувреме.

Откако продолжи сезоната во Германија, Шалке го забележа четвртиот пораз од исто толку натпревари. Тие врзаа вкупно десет меча по ред без победа во Бундеслигата.

Овој пат на свој терен загубија од Вердер со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Битенкур во 32. минута од натпреварот.

Гостите забележаа уште две победи, Ајнтрахт со 2-1 славеше кај Волфсбург, а Хофенхајм со минимални 1-0 беше подобар од Мајнц.

Честа на домаќините ја спаси Херта која со 2-0 го победи Аугсбург.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе